недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Почетино не е загрижен дека нема нови играчи

Почетино не е загрижен дека нема нови играчи

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино изјави дека не е загрижен поради недостигот на нови играчи во тимот, иако трансфер прозорецот затвора по нешто повеќе од две недели.

„Петлите“ и Барнли се единствените два тима во Премиер лигата, кои се уште не се привлекле ниту еден нов, но според Почетино, тоа не значи дека клубот доживеал неуспех на трансфер пазарот.

– Се обидуваме да го подобриме составот кој го имаме. Пазарот се раздвижи дури по крајот на Светското првенство и се уште има време во кое да земеме нови играчи. Мислам дека ќе успееме да направиме трансфери, но не брзаме излишно и нема да форсираме ништо. Тоа што не сме зеле нови играчи, не ме загрижува. Сигурен сум дека ќе се подготвиме на најдобар начин за новата сезона, рече Почетино.

МИА