петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес од 6,9 степени во јужниот Пацифик

Земјотрес од 6,9 степени во јужниот Пацифик

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на островот Кермадек во јужниот дел на Пацификот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Ненаселените острови Кермадек му припаѓаат на Нов Зеланд.

Земјотресот бил на длабочина од 150 километри.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот немало предупредување за цунами.