вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјани внимавајте: За 6 часа полицијата казни 129 возачи- еве за што

Скопјани внимавајте: За 6 часа полицијата казни 129 возачи- еве за што

Денеска (04.03.2023) во периодот од 10.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата од Оддел за униформирана полиција при БЈБ спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 129 возачи. Од нив 27 за возење без возачка дозвола, 16 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 11 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 4 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, 4 за возење под мерка забрана за управување на моторни возила…

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.