Македонската машка ракометна репрезентација ќе биде значително ослабена за престојните квалификациски дуели со Португалија за пласман на Европското првенство во 2004 година.
Филип Талески поради приватни причини нема да биде дел од натпреварите со Португалија, а селекторот Кирил Лазаров нема да смета ниту на Павле Атанасијевиќ за кого Пелистер испратил барање да не настапува.
„Овој пат ќе имаме доста различна репрезентација, затоа што ќе ни недостасуваат неколку играчи. Филип Талески ќе го прескокне овој двомеч, во договор со Ракометната федерација и со мене, од приватни причини. Ќе се врати за собирот на крајот на април против Луксембург и против Турција. Во последен момент откажување имаме од Павле Атанасиевиќ, кој веќе подолго време не е во ростерот на Пелистер поради повреда. Раководството на клубот испрати официјален мејл до РФМ, во којшто клубот извести дека Павле нема да биде во состојба да настапи“, информира селекторот.
Потоа дополн и и дека на повреди се жалат Пешевски и Танкоски, кои беа присутни на денешниот собир, но дополнителните прегледи ќе покажат дали ќе можат да играат на натпреварите. Ако не се во состојба, Лазаров ќе повика нивни замени од играчите кои се на поширокиот список. Никола Митревски е единствениот кој ќе доцни на подготовките, кој вечерва со Порто има натпревар од португалскиот шампионат.
Македонија ја пречекува Португалија на 9. април во Скопје, а три дена подоцна им гостуваме на Португалците. Нашата репрезентација веќе има две победи во овие квалификации, остварени против Турција и Луксембург.