Суперлуксузното „милениче“ на Роналдо пристигна во Доха!
Ѕвездата на Ал Наср и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, е вистински вљубеник во скапоцени и брзи автомобили. Поради својот талент и одлична игра, Роналдо заработува астрономски суми кои очигледно знае да ги искористи на вистински начин.
Cristiano Ronaldo’s new car Bugatti Centodieci in Saudi. pic.twitter.com/fKfVBNZHv5
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) March 1, 2023
Тој пред две години се „почести“ со луксузно „Bugatti Centodieci“ за кој е исклучително врзан, бидејќи го вози и низ Саудиска Арабија.
Овој нереален „ѕвер“ на четири тркала е произведен во само 10 примероци и поседува неверојатни перформанси.
Омилената машина на Роналдо содржри 8,0-литарски W16 мотор со 1600 коњски сили кој развива 100 км/ч. за импресивни 2,4 секунди. До 200 км/ч. му се потребни 6,1 секунда, а неговата максимална брзина е дури 380 км/ч.
Познатиот фудбалер во својата гаража има неверојатни модели на автомобили, и тоа најскапите. „Centodieci“ чија цена изнесува 9 милиони евра не е единственото „Bugatti“ во негова сопственост – тука е и „Bugatti Chiron“ кое вреди околу 2 милиони евра, но и ремек-делото „La Voiture Noire“ за кое пред неколку години издвои 16,5 милиони евра.