сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија

Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија

Најскапиот вид лимони во светот се одгледува во градот Љушња во средишна Албанија. Сортата „Citrus australasica“ е позната и под името „кавијар лимон“ или „прст лимон“ (‘caviar lime’, ‘finger lime’), потекнува од Австралија и се продава по 87 евра за килограм по нарачка во познатите ресторани во Европа, објави Албанската радиотелевизија.

Љушња е единствената област од ова поднебје каде што посебната разноликост на австралискиот микроцитрус се прилагодила на почвата и климата. Земјоделецот Клодијан Хида првите лимони од оваа сорта почнал да ги одгледува пред пет години во село близу Љушња, а првично родот го користел тој и неговото семејство. Хида засадил 270 корени од три подвида „лимон кавијар“. Плодот е исклучително баран на странскиот пазар, особено во Италија и Франција.

Овој лимон се разликува од тукашните лимони по тоа што од него не се цеди сок, туку се вади месестиот дел од плодот што е направен од влакна. Тоа се користи во разни салати, јадења од риба, како и за правење десерти.

Албанските ресторани сѐ уште не ја користат оваа сорта лимони, како што се наведува – поради високата пазарна цена.