вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ОФИЦИЈАЛНО: Две лица убиени, едно повредено – познат нивниот идентитет

ОФИЦИЈАЛНО: Две лица убиени, едно повредено – познат нивниот идентитет

Министерството за внатрешни работи потврди дека вечерва се случило двојно убиство во Скопје.

Официјално, две лица се усмртени, а едно е повредено во пукањето кај Кале.

-Во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош, велат од МВР за Курир.

Истакнуваат дека полициските екипи преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијални информации велат дека се работело за лица добро познати на криминалното подземје. За едниот од убиените, очевидци тврдат дека се работи за извесен криминален бос – Јетон викан Жила. Престрелката се случила, наводно поради претходно нерасчистени сметки.