сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Тампере меѓу четирите градови домаќини на ЕП во кошарка

Тампере меѓу четирите градови домаќини на ЕП во кошарка

Фински Тампере ќе биде еден од четирите градови домаќини на групната фаза од Европското првенство 2025 година, кое заеднички ќе го организираат Финска, Летонија, Полска и Кипар, соопштија од Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).

Натпреварите ќе се играат во „Тампере Дек арена“ со капацитет од 11.000 седишта, која беше отворена во 2021 година.

Финска втор пат во историјата ќе биде кодомаќин на ЕП во кошарка, по завршниот турнир во 2017 година на кој една од групите се играше во Хелсинки.

Тампере им се приклучи на летонска Рига и кипарски Лимасол, во кои ќе се игра групната фаза, додека полскиот град домаќин ќе биде објавен на 17 овој месец.