сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров направи избор: Еве со кои 16 играчи Македонија ќе ѝ се спротивстави на Португалија

Лазаров направи избор: Еве со кои 16 играчи Македонија ќе ѝ се спротивстави на Португалија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров одлучи со кој состав ќе се спротивстави на Португалија.

На списокот на Лазаров се најдоа:

Никола Митревски, Мартин Велковски, Цветан Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев, Мартин Томовски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов, Костадин Петров и Марко Мишевски.

Натпреварот ќе се игра од 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ова ќе биде квалификацискиот натпревар од Групата-1 за пласман на Европското првенство 2024.

Двете репрезентации во мечот влегуваат по двете победи во почетни две кола. (МИА)