вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Хорор во Скопје: 3 маскирани лица 10 часа малтретирале момче во сопствениот дом во Тафталиџе

Хорор во Скопје: 3 маскирани лица 10 часа малтретирале момче во сопствениот дом во Тафталиџе

20 годишно момче од Скопје доживеало вистински хорор откако тројца разбојници среде ноќ влегле во неговиот дом. Од МВР информираат дека попладнево момчето се јавило во полиција и пријавило дека тројца маскирани разбојници, ноќеска во 02:30 влегле во неговиот дом со цел да го ограбат. Агонијата на скопјанецот траела 10 часа. Насилниците пред да го напуштат станот, од кој одзеле лап топ, мобилен телефон и пари, го прободеле момчето со остар предмет. Момчето со возило на Итната помош било префрлено во Ургентниот центар. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.