вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен измамник баран со централна потерница за издржување на двегодишна затворска казна

Приведен измамник баран со централна потерница за издржување на двегодишна затворска казна

Денеска (09.03.2023) во 13.05 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(48) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.