четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Ставен под контрола пожарот што зафати дел од фабрика за канабис во Дебриште

Ставен под контрола пожарот што зафати дел од фабрика за канабис во Дебриште
миа

Ставен е под контрола пожарот што зафати дел од фабрика за канабис во Дебриште, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште. Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот, соопштија од градоначалничкиот кабинет.