Публиката во Феникс синоќа требаше да види домашното деби на Кевин Дурант како член на Санс, но НБА ѕвездата се повреди на загревањето пред мечот со Оклахома Сити тандер.
Информациите од САД се дека Дурант можеби ќе паузира до крајот на регуларната сезона, и на терен ќе се врати кога ќе почне плејофот.