вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед во трка со Ливерпул и Њукасл за Маунт

Јунајтед во трка со Ливерпул и Њукасл за Маунт

Неколку англиски медиуми јавуваат дека започнала трансфер трката за потписот на одличниот англиски репрезентативец од редовите на Челси Мејсон Маунт.

Уште пред два месеца се појави информација дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за неговите услуги, но кон трката сега сериозно се приклучуваат уште два клуба, Ливерпул и Њукасл.

„Ѓаволите“ наводно се подготвени да платат за Маунт околу педесет милиони евра, но голема е веројатноста дека оваа сума нема да ја задоволи управата на Челзи.