сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Струга и со новиот тренер не ја победи Македонија ЃП, Шкупи се доближи на минус два

ПМФЛ: Струга и со новиот тренер не ја победи Македонија ЃП, Шкупи се доближи на минус два

Шкупи ја одлежа казната и се врати на Чаир и го победи Работнички со сигурни, 3-1. Актуелниот шампион немаше никаков проблем да дојде до победата која можеше да биде и поубедлива.

Сите голови беа постигнати во првото полувреме, Бајрами во 11. минута донесе водство за Шкупи, но само три минути подоцна Мазари изедначи на 1-1. Потоа погодија Кевен и Цефас за триумф од 3-1.

Шкендија со 2-1 ја победи екипата на Академија Пандев. Чинари ги даде двата гола за тетовскиот тим во првото полувреме, во вториот дел гостинот од Струмица преку Емгерлидзе успеа само да го ублажи поразот.

Струга го промени тренерот, но и со новиот не успеаа да го победат истиот противник, повторно резултатот беше 0-0.

Најубедлива беше Брегалница која со 4-0 славеше над Победа. Николов даде два гола, по еднаш погодија Додев и Мојсов.Вчера Силекс со 3-1 го совлада Скопје. Слободна беше екипата на Тиквеш.

 

Резултати:

Струга ТЛ – Македонија ЃП 0:0

Шкупи – Работнички 3:1

Шкендија – Академија Пандев 2:1

Брегалница – Победа 4:0

Вчера:

Силекс – Скопје 3:1

Слобеден: Тиквеш

 

1. Струга ТЛ 43

2. Шкупи 41

3. Шкендија 38

4. Силекс 35

5. Брегалница 32

6. Тиквеш 28 (-1)

7. Македонија ЃП 26

8. Работнички 24

9. Академија Пандев 19

10. Скопје 14

11. Победа 13