сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Инзаги останува на кормилото на Интер

Инзаги останува на кормилото на Интер
епа

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги нема да добие отказ на крајот од тековната сезона, објави „Sky Sports“.

Во информацијата се тврди дека раководството на тимот му соопштило на италијанскиот стручњак дека верува во него и дека нема да добие отказ во блиска иднина.

Медиумите во Италија често пати сезонава пишуваа дека 46-годишниот Италијанец кој е на чело на Интер од летото 2021 година, ќе биде сменет по завршување на сезоната.

Интер е на второто место во Серија А со 50 бодови од 26 натпревари.