петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени лица од Грчец и Гевгелија

Уапсени лица од Грчец и Гевгелија

Плициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор  за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода А.О.(23) од с.Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија.

При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага, информира МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.