сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп: Подобриот тим во три од четирите полувремиња заслужено оди понатаму

Клоп: Подобриот тим во три од четирите полувремиња заслужено оди понатаму

Јирген Клоп беше реален во анализата по уште една елиминација од Лигата на шампионите од Реал Мадрид. Европскиот првак заслужено се пласира во четвртфиналето од со двете победи против „црвените“.

„Поразот со 2-5 на „Енфилд“ не е добар резултат ако сакате да го елиминирате Реал. Мора да имате посебен настап, а ние не можевме да го направиме тоа вечерва. Реал Мадрид имаше повеќе и подобри шанси, Алисон запиша две фантастични одбрани. Подобриот тим помина во четвртфиналето, тоа мора да го признаеме. Не е тоа што го сакавме, туку тоа е она што го добивме“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул вечерва беше подобар отколку првиот натпревар, но тоа не беше доволно за да избегне пораз.

„Потребни ви се моменти во ваков натпревар. Ако погодевме во првото полувреме, тоа можеше да ни даде искра. Но, тоа е само хипотетичка теорија. Тие беа подобриот тим во три од четирите полувремиња и затоа поминаа“, заврши Германецот.