вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Адем Мекиќ: Дојдов во клуб со големо реноме

Адем Мекиќ: Дојдов во клуб со големо реноме

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ има нов клуб. Бекот и официјално е член на Задар, откако се обврза на договор до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

„Можеби делува изненадувачки, но се решив за промена на средината со оглед на тоа дека моите обврски кон Темишвар во оваа сезона многу извесно, ќе завршат на 7 април. Некако прерано за моите очекувања од оваа сезона. Кога се јавија луѓето од Задар, ја прифатив понудата. Сакам да играм во клуб со големо реноме, и тоа е причината што одбрав да ја доиграм оваа сезона во Задар“, изјави македонскиот репрезентативец.

Мекиќ е првиот Македонец што ќе го облече дресот на овој клуб по Тодор Гечевски кој остави длабока трага.