четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Не се летајте по Меси – не е ниту блиску до Роналдо!“

„Не се летајте по Меси – не е ниту блиску до Роналдо!“

Кристијано Роналдо веќе извесно време настапува за саудискиот прволигаш Ал Наср, но на неговиот трансфер се уште се гледа како голема сензација поради сумата од 200 милиони евра која ќе ја добие за престојот на Блискиот исток.

Со оглед на успешноста на неговиот ангажман, сега уште еден клуб од Саудиска Арабија најави слична сензација и тоа ангажман на Лионел Меси за вкупна сума од 300 милиони евра, за која Аргентинецот, според шпекулациите, би прифатил да се пресели во арапскиот свет. Станува збор за Ал Хилал, кој официјално се пофали дека би можел да ја ангажира ѕвездата на ПСЖ, но чиј поранешен претседател Абдулах бин Мусаед, вели дека сето ова е само – голем балон што наскоро ќе издиши.

„Ако Меси по некое чудо дојде во Ал Хилал, клубот не би го надминал тоа што го направи Ал Наср со Роналдо. А и не верувам дека би можеле да најдат толку многу пари“, изјави Бин Мусаед.