вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Силекс убедлив, Струга со триумф против Работнички

ПМФЛ: Силекс убедлив, Струга со триумф против Работнички

Екипата на Струга ТЛ не го дава врвот во Првата македонска фудбалска откако триумфираше со 0-1 на гостувањето против Работнички во 24. коло.

Сето тоа дополнително беше искористено за повторно зголемување на предноста на врвот пред Шкупи кој ремизираше (1-1) на гостувањето против Академија Пандев во Струмица.

Екипата на Шкупи и покрај тоа што играше со играч помалку од 27. минута со предност од 0-1 го заврши полувремето на гостувањето против Академија Пандев.

Чаирчани останаа со играч помалку по грубиот старт на Али Адем во 27. минута за што заработи директен црвен картон.

Во 79. минута од средбата Академија Пандев успеа да израмни со голот од пенал на Кристијан Велиновски кој предизвика и тензии меѓу двете страни.

Лидерот Струга ТЛ до триумфот на гостувањето против Работнички во Скопје дојде со голот на Малески уште во 28. минута.

Фаворитската улога ја потврди и Силекс кој победи со 1-4 на гостувањето против прилепска Победа. Кратовци поведоа  со голот на Хамза Рамани уште во 6. минута од натпреварот.На 0-2 зголеми Виктор Серафимовски во 44. минута. Во второто полувреме во 47. минута домашни успеаја да намалат на 1-2 со голот на Ване Јованов.

Силекс со голот на Давид Манасиевски во 75. минута зголеми на 1-3. Марко Ѓорѓиевски со два гола, во 90. минута и во 92. минута ги постави конечните 1-5.

Македонија ЃП го заокружи гостинското коло со триумфот од 0-1 против Тиквеш. Најубавиот гол на денот беше дело на Самир Фазли кој во 68. минута извонредно ја заокружи прекрасната акција на „лавовите“.

 

ПМФЛ -24. КОЛО
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ 1-1

Велиновски 79′ (п) – Маргвелашвили 31′

Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС 1-5
Јованов 47′ – Рамани 6′, Серафимовски 44′, Манасиевски 75′, Ѓорѓевски 90′, 90’+2

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-1

Малески 28′
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1

Фазли 68′

УТРЕ (15 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – слободна