четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Халанд со нов хет-трик го откажа Барнли и најави полуфинале за Сити (Видео)

Халанд со нов хет-трик го откажа Барнли и најави полуфинале за Сити (Видео)

Манчестер Сити немаше никакви проблеми со второлигашот Барнли и со победа од 6:0 заслужено се најде во полуфиналето на англискиот ФА куп.

Враќањето на Венсан Компани на „Итихад“ како менаџер на најдобриот тим во Чемпионшип, не помина според посакуваното сценарио за Белгиецот, а најважна причина беше Ерлинг Халанд.

Норвежанецот постигна хет-трик од 32 до 59. минута, по што беше и повлечен од игра, а во продолжение стрелци беа и Палмер и Алварез (2).

Нашиот Дарко Чурлинов не беше во составот за гостинската екипа која го заврши настапот во ФА купот, додека Сити ќе го очекува противникот во полуфиналето.

Во оваа следна рунда ќе се игра по еден натпревар на неутреален терен, односно на „Вембли“.