сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Конте „распука“ по своите фудбалери по поразот на Тотенхем

Конте „распука“ по своите фудбалери по поразот на Тотенхем

Лондонскиот фудбалски клуб Тотхемнем прокоцка триумф против Саутемптон, иако водеше со 3-1 во еден момент.

Сето тоа го налути тренерот Антонио Конте каде Италијанецот без милост удри по своите фудбалери по мечот и ги критикуваше за лошиот настап против Саутемптон.

„Тотенхем не е навикнат на ова ниво. Тие не играат за ништо важно. Не сакаат да играат под притисок и стрес. Лесно е на овој начин. Им кажав дека сакам да видам нешто во нивната игра, но не видов ништо. Со овој дух, може да се бориме за 10. место. Не сум навикнат да бидам во ваква позиција. Навистина сум вознемирен и секој мора да преземе одговорност“, кажа Конте.