четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Молк на „Камп Ноу“, Араухо несреќно донесе радост за Реал Мадрид

ВИДЕО: Молк на „Камп Ноу“, Араухо несреќно донесе радост за Реал Мадрид

Екипата на Реал Мадрид по само десет минути игра има водство на големото дерби со Барселона на „Камп Ноу“.

„Кралевите“ поради заостатокот на табелата од девет бода, вечерва на терен истрчаа со императив за победа, а првата цел ја остварија уште на самиот старт. Шок на трибините донесе домашниот дефанзивец Араухо, кој несреќно со глава го измами Тер Штеген за водство на Реал Мадрид од 0-1.

Автоголот на Араухо:

На автоголот на најдобриот дефанзивец на Барса претходеше двојна шанса на домаќините. Рафиња со глава биеше во Куртоа, додека Роберто ја испрати топката над голот.