Кошаркарскиот клуб Виртус Болоња ќе биде две недели без српскиот кошаркар Милош Теодосиќ кој се повреди и нема да настапи за оваа екипа во овој временски интервал.
Според информациите од Италија , Теодосиќ ќе ги пропушти наредните три натпревари на неговиот тим во Евролигата против Реал Мадрид, Макаби од Тел Авив и Ефес Анадолу како и неколку средби во италијанскиот кошаркарски шампионат.
Оваа сезона популарниот Тео за екипата од Болоња во просек на паркетот бележеше по 19 минути каде реализираше по 10.3 поени и 6 асистенции по натпревар,