вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА лигата остана без легендарниот Вилис Рид

НБА лигата остана без легендарниот Вилис Рид

НБА лигата и воедно кошараката остана без уште едно легендарно имеа,  тоа е иконата на Њујорк Никс, Вилис Рид.

Рид беше човекот кој одигра клучна улога во двете титули на Никси во 1970, 1973 година, титули кои понатаму се единсивени за славната организација од „Медисон Сквер Гарден“.

Вилис подолго време имаше проблеми со здравјето и не се појавуваше на значајни настани, односно неговото срце престана да чука на 80 години.

Некогашниот центар на Њујорк седум пати беше Ол-стар, двапати беше прогласуван за МВП на финалето, а во 1970 година беше и најкорисен играч во лигата.

Имено за време на сезоната 1969/1970 тој стана прв играч кој успеал да биде прогласен за најдобар за регуларната сезона, Ол-стар натпревар и НБА финалето.