четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поднесена кривична пријава против малолетник од Скопје за сторено кривично дело „тероризам”

Поднесена кривична пријава против малолетник од Скопје за сторено кривично дело „тероризам”

Денеска (22.03.2023) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам”, предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичен законик.

Пријавениот малолетник на 24.02.2023, користејќи го својот мобилен телефон креирало електронска адреса, и истиот ден, користејќи го својот лап-топ компјутер од својот дом испратило порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на едно средно училиште во Скопје, за која по извршени проверки било утврдено дека е лажна. Притоа, со цел да ги прикрие своите активности при испраќање на поракaта малолетникот користел VPN апликација.

По преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика утврдена е користената IP адреса, чиј сопственик е таткото на малолетникот, а врз основа издадена Наредба за претрес на дом од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на родителот на малолетникот, од каде привремено се одземени мобилен телефон, сим картичка и лаптоп компјутер кои ги користело малолетното лице.

Од извршеното вештачење е утврдено дека истата електронска адреса е користена за да се испраќаат пораки со заканувачка содржина до неколку училишта на територијата на град Скопје од мобилен телефон и од лаптоп компјутер, во повеќе наврати.

На 03.03.2023, во присуство на негов родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, во полициска станица е извршен службен разговор со малолетникот, во текот на кој тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

Најнови вести