сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возеле комбиња без документи за вршење јавен превоз, полицијата им застана на патот

Возеле комбиња без документи за вршење јавен превоз, полицијата им застана на патот
Police officer holds the stop sign in his hand in Belgrade, Serbia. 22.04.2017. Mondo/Stefan Stojanovic

На 22.03.2023 во рамките на акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз во Полошкиот регион, на регионалниот пат Тетово-Пирок биле запрени три комбиња „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, што ги управувале Н.Н.(58) од тетовско Боговиње, М.М.(52) од тетовско Горно Палчиште и М.С.(63) од тетовско Долно Палчиште.

Тројцата возачи не поседувале документи за вршење јавен превоз и ќе им бидат изготвени поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик.