понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ерлинг Халанд неизвесен за дербито со Ливерпул

Ерлинг Халанд неизвесен за дербито со Ливерпул

Настапот на голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, на дербито против Ливерпул на 1 април е неизвесен, тврди неговиот татко Алфи.

22-годишниот напаѓач остана надвор од составот на Норвешка за натпреварите против Шпанија и против Грузија поради проблем со препоните, откако за само една недела постигна девет гола за својот клуб. Халанд ја заработи повредата на дуелот со Барнли во ФА Купот на Англија.

„Манчестер Сити работи со болница во Барселона и тој беше таму на дополнителни тестови. Моментално е на Марбелја и работи со клупските физиотерапевти. Мислам дека неговото учество на натпреварот со Ливерпул е многу неизвесно. Се зависи од тоа како ќе реагира на третманот во следните неколку дена“, изјави Алфи Халанд.