понеделник, 25. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Прва лига: Победи на Работнички, Гостивар, ТФТ и ФМП

Прва лига: Победи на Работнички, Гостивар, ТФТ и ФМП

Екипите на Гостивар и на Работнички ги оправдаа фаворитските улоги во мечевите со тимовите кои се во долниот дел од табелата.

Работнички го скрши отпорот на Куманово во второто полувреме, а истото го сторија и гостиварци на гостувањето во Чаир.

Кумановци му пружија доста добар отпор на тимот кој важеше како фаворит пред почетокот на средбата. На полувремето, „црвено-белите“ беа во плус од само шест поени (35:29).

Но со серијата од (7-0) која ја реализираа во нешто повеќе од две минути, на почетокот на третата четвртина кошаркарите на Работнички поведоа со (42:29).

Одлично, гледано напаѓачки, во гостинскиот тим, функционираа Џелетовиќ Малешевиќ и капитенот Марковски. Реализираа 40 од 49 поени за Работнички по 27. минути игра во кои гостите од Скопје го чуваа водството (49:37). А до крајот на тој дел од натпреварот, дојдоа до уште повисоки (56:40) за да на крајот мечот заврши со 82-54.

За кумановци пак останува сериозна битка за опстанокот, одамна се на четири победи, сега го запишаа и 15. негативен резултат во сезоната.

 

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19. КОЛО

Куманово 2009 – Работнички  54:82

Чаир 2030 – Гостивар      93:97

Феникс 2010 – ТФТ Мozzart      66:76

Струмица 2022 – Навико Академија ФМП  94:99

26.МАРТ (НЕДЕЛА)

19.00: Кожув – Пелистер