вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нетанјаху го смени министерот за одбрана

Нетанјаху го смени министерот за одбрана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера го разреши својот министер за одбрана, еден ден откако повика на едномесечна пауза во процесот на контроверзната судска реформа што владата сака да ја спроведе.

– Премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи да го разреши министерот за одбрана Јоав Галант, стои во кусото соопштение од кабинетот на израелскиот премиер.

Галант, кој е член на истата десничарска партија Ликуд како Нетанјаху, во говор во саботата вечер рече дека континуираната јавна поделеност околу ова прашање ќе биде „вистинска закана за безбедноста на Израел“.

Протести се одржуваат секоја недела откако владата на Бенјамин Нетанјаху, една од најдесните во историјата на Израел, во јануари предложи план за реформи кој ја подели земјата.

Реформата, која поттикна загриженост дома и во странство, треба да го зголеми влијанието на пратениците врз судовите. Нејзините критичари истакнуваат дека тоа ги загрозува демократските принципи на израелската држава. (МИА)