среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Македонската учесничка во „Ѕвездите на гранд“ се пресели во Германија, но зажали – сега сака да се врати дома, еве ја причината

Македонската учесничка во „Ѕвездите на гранд“ се пресели во Германија, но зажали – сега сака да се врати дома, еве ја причината

Последните неколку месеци за поранешната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, битолчанката Марија Груевска беа многу посебни, но и малку турбулентни. Освен што му се заколна на вечна љубов на својот избраник Синиша, пејачката направи уште еден голем чекор во животот.

На општо изненадување Марија реши дефинитивно да ја напушти Македонија и се отсели неколку илјади километри од татковината.

„Се преселив во Германија, но да бидам искрена, не ми се допаѓа таму. Во последно време размислувам да се вратам назад, бидејќи Балканот е најдобар. Таму сум навикната, но и сите ми се таму“ – изјавила за Гранд, иако не сакала да ги открие причините за заминувањето во „туѓина – јабана“, односно дали преселбата во друга земја била од финансиски или некакви други причини?!

Затоа многумина беа загрижени дека Груевски ќе го „обеси микрофонот на клин“, но како што потврди самата, тоа никогаш нема да се случи, бидејќи музиката е нејзината најголема љубов покрај нејзините најблиски.

„Снимам две нови песни кои се надевам дека ќе успеам да ги завршам и да ги објавам до почетокот на летото. Нетрпелива сум публиката да ги слушне, но од друга страна сакам се да подготвам темелно како и секогаш.

Во секој случај, ако нешто се промени во меѓувреме, веднаш ќе ве известам“- низ насмевка се пошегува Марија, а откривајќи дали нешто се променило откако е во брак?

„Не, се’ уште не!“ – одговорила пејачката одново низ насмевка, веројатно алудирајќи на проширувањето на семејството.

Да потсетиме, Марија Груевска пред да донесе одлука да ја напушти Македонија го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Синиша и приреди гала свадбена прослава која траеше неверојатни седумдесет и два часа.

Марија и Синиша свадбата ја направија со сите адети, според сите традиционални македонски обичаи, па слично како во надалеку познатата Галичка свадба и овде го имаше традиционалното бричење на зетот, одење по невеста, склучување на граѓински и црковен брак, како и забава која како што најавија, траеше цели три дена.

Најнови вести