понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец, осуден на двегодишна затворска казна

Приведен крадец, осуден на двегодишна затворска казна

На 31.03.2023 во 20.55 часот на бул.”Трета македонска бригада” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(43) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело “кражба” по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.