Македонија ЃП го совлада Работнички со 2-1 во премиерниот натпревар од 25.коло во Првата фудбалска лига. „Лавовите“ успеаја да ги искористат своите шанси, за разлика од гостите од Дебар Маало, кои и во финишот пропуштија две можности за израмнување. Личина во 24.минута донесе водство за „лавовите“, а само две минути подоцна стигна фантастичен одговор од Адтхе Мазари кој упати проектил и ја затресе мрежата на Македонија ЃП.