среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

175 санкционирани возачи во Скопје: 95 за брзо возење

175 санкционирани возачи во Скопје: 95 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 95 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се седум санкции за управување под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за неносење сигурносен појас и една санкција за возач почетник…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.