среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Подгответе се за студен бран – доаѓа и снег среде април, прочитајте си навреме како да се облечете од утре!

Подгответе се за студен бран – доаѓа и снег среде април, прочитајте си навреме како да се облечете од утре!

УХМР најавува дека утре, под влијание на циклонска активност, ќе има врнежи од дожд кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат обилни, над 30 литри на метар квадратен.

На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег.

Врнежи ќе има и во вторник претпладне, а во западните делови во повисоките подрачја се очекува формирање снежна покривка.

Според УХМР, утре и особено во вторник, ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура. Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, а во среда се уште ќе има услови претежно на планините да провејува слаб снег.

Најнови вести