ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.С.(34) од Кавадарци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 08.12.2021 на улица „Слога“ во Кавадарци полициски службеници ја забележале пријавената како фрла опаковки со хероин.