петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кинан Еванс доби литвански пасош

Кинан Еванс доби литвански пасош

Кошаркарот на Жалгирис, Американецот Кинан Еванс во иднина ќе го носи дресот на литванската кошаркарска репрезентација.

За да ги реши документите, Еванс на кратко го напушти Каунас и отпатува во САД, по што беше решен и процесот во Литванскиот кошаркарски сојуз.

Како натурализиран Литванец, Еванс сега ќе биде дел од националниот кошаркарски тим на земјата. Кинан Еванс пристигна во Жалгирис минатото лето.