понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 210 возачи за брзо возење

Казнети 210 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 210 возачи.

Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 103 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.