недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мијатовиќ: Нешто се случува, Анчелоти не е среќен како порано

Мијатовиќ: Нешто се случува, Анчелоти не е среќен како порано

Реал Мадрид нема сезона како што очекуваше со оглед на тоа што е далеку од одбрана на пехарот во домашниот шампионат, но затоа пак добро напредува во Лигата на шампионите, а ќе игра и во финалето на Купот на Шпанија, натпреварување во кое успеа да ја исфрли Барселона иако го загуби првиот натпревар со 1-0.

Токму тој триумф од 4-0 на „Камп Ноу“ треба да им донесе нова енергија, самодоверба на „кралевите“, но легендарниот Предраг Мијатовиќ забележа промени во однесување на тренерот Карло Анчелоти во изминатиов период.

– Неговото однесување малку се промени. Неговото лице е посериозно во споредба со периодот кога пристигна. Мора да разберете дека Реал Мадрид е многу комплициран клуб и дека ситуацијата секогаш зависи од тоа, дали ќе се освојат титули. Анчелоти мора да остане смирен, затоа што играчите генерално многу го сакаат.

– Чувствувам нешто се случува и дека Карло не е среќен како пред неколку месеци. Би сакал да остане барем уште една година. Тимот оди добро, но дефинитивно е многу заморно, – вели популарнио Пеџа за „Кадена Сер“.