четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Лаури Марканен наместо на СП ќе мора да оди во војска

Лаури Марканен наместо на СП ќе мора да оди во војска

Кошаркарот на Јута џез и на финската репрезентација, Лаури Марканен, наместо да одмора и да се подготвува за следната сезона, во сопствената земја ќе го отслужи воениот рок.

Марканен својата должност ќе ја исполни во специјална единица во која служат само професионални спортисти. Тој воената униформа ќе ја задолжи или кон средина на месецов или во јули, по завршување на сезоната во НБА-лигата.

„За него како Финец е важно да ја исполни својата граѓанска должност и да нема никаков привилегиран статус само затоа што е познат спортист“, изјави неговиот агент за медиумите во САД.