понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВМФЛ: Вардар изненаден во Врапчиште, Воска е нов лидер

ВМФЛ: Вардар изненаден во Врапчиште, Воска е нов лидер

Екипата на Вардар претрпе пораз од Беса од 2-1 на денешниот меч од 23. коло во Втората македонска лига.

Скопскиот тим одлично го започна дуелот во Врапчиште на кој поведе со со голот на Десниќ. Меѓутоа до крајот на првиот дел Фетаи израмни на 1-1, додека во второто полувреме атрактивен погодок за победа даде Назифи.

Со овој кикс „црвено-црните“ ја загубија лидерската позиција на табелата затоа што Воска Спорт беше сигурна против Беласица со 4-1.

Гостивар во второто полуврема пак „испука петарда“ во мрежата на Тетекс (5-0), а од конкурентите за највисок пласман Пелистер освои само бод против Слога Виница и дополнително оддачели од борбата за влез во елитната домашна конкуренција. На другите дуели беа постигнати следниве резултати:

БОРЕЦ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА  1-2
КАМЕНИЦА САСА – КОЖУФ 1-1
КАРАОРМАН – ОХРИД 1-0
ЛОКОМОТИВА ПЕХЧЕВО – АРСИМИ  0-3