петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВМФЛ: Пелистер само до бод против Арсими, Детонит го надигра Осогово

ВМФЛ: Пелистер само до бод против Арсими, Детонит го надигра Осогово

Денеска во рамките деветтото коло од Втората македонска фудбалска лига се одиграа осум натпревари, на четири од нив немаше голови.

Мируваа мрежите на мечевите Скопје – Беса 1976, Кожуф Гевгелија – Победа, Новаци – Охрид и Вардар Неготино – Тетекс.

Пелистер втор натпревар по ред доаѓа само до бод, овојпат на гостувањето кај Арсими (1:1). Христов донесе водство за битолската екипа, а домаќините израмнија преку Љума во второто полувреме.

Детонит Плачковица на Градскиот стадион во Радовиш убедливо со 3:0 славеше против ФК Осогово. Потоа, Башкими со 2:1 го надигра Караорман на гостински терен, Охрид со 3:1 го совлада Новаци, а најмногу голови имаше на натпреварот Каменица Саса – Беласица (2:4).

Втора фудбалска лига
9. коло, резултати –

Арсими – Пелистер 1:1
Детонит Плачковица – Осогово 3:0
Скопје – Беса 1976 0:0
Караорман – Башкими 1:2
Кожуф Гевгелија – Победа 0:0
Новаци – Охрид 1:3
Каменица Саса – Беласица 2:4
Вардар Неготино – Тетекс 0:0

Табела : Беса 1976 22 бодови, Детонит Плачковица 19, Охрид 19, Пелистер 18, Кожуф Гевгелија 16, Башкими 16, Беласица 15, Тетекс 14, Победа 12, Арсими 10, Новаци 10, Скопје 9, Вардар Неготино 7, Осогово 7, Каменица Саса 6, Караорман 4.