вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВМФЛ: Кожуф го победи и Пелистер, Новаи подобар од Башкими

ВМФЛ: Кожуф го победи и Пелистер, Новаи подобар од Башкими

Екипата на Кожуф го победи тимот на Пелистер, и остана единствена екипа со 100% учинок после ова коло, по поразот на Беса од Детонит. На крај победа од 3-2, благодарение на сите пет голови кои паднаа во вториот дел од средбата.

Екипата на Беса го запиша првиот пораз во сезоната откако денеска беше поразена со 2-0 на гостувањето кај Детонит, кој и натаму продолжува без пораз и дојде до четвртиот триумф.

Осогово продолжува со катастрофалните резултати сезонава, и со 0-3 загуби на домашен терен од Охрид. Беласица ја совлада екипата на Победа со 3-1, додека Вардар Неготино на домашен терен го совлада доскорашниот прволигш Скопје. Новаци минимално со 1-0 дојде до триумф над Башкими.

ВМФЛ, 5. КОЛО

Новаци – Башкими 1-0

Детонит – Беса 2-0

Осогово – Охрид 0-3

Беласица – Победа 3-1

Караорман – Арсими 0-6

Кожуф – Пелистер

Вардар Н. – Скопје 2-0