Во директната битка меѓу второ и третопласираниот тим на табелата, Пелистер на домашен терен се покажа како пресилен за ТФТ и оствари убедлива победа остварена со 23 поени разлика.
Највозбудливиот натпревар од 21-то коло се одиграа во сабота навечер во Битола, а домашната публика можеше да ужива во добра претстава на своите миленици кои водеа речиси цел меч.
Пресудните моменти се случија на крајот на третиот период кога Пелистер фати залет и почна да се одлепува на семафорот, по што следеше голем пад на ТФТ во последниот период.
Тимот од Тафталиџе остана без сили за надигрување по серијата од 11:0 која ја направи Пелистер на крајот на третиот период, па на крајот разликата изнесуваше 23 поени.
Сеад Хаџифејсовиќ со 21 поен беше најефикасен кошаркар на мечот, а со оваа победа, Пелистер го обезбеди второто место на табелата во регуларниот дел.