сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Карим Бензема донесе одлука за неговата иднина во Реал Мадрид

Карим Бензема донесе одлука за неговата иднина во Реал Мадрид

Карим Бензема веќе долго време е член на Реал Мадрид, тим во кој во последниве неколку години е клучен играч, ас без кој не може да се замисли шпанскиот великан.

Меѓутоа договорот на Французинот со Реал му завршува во месец јуни и тоа секако остава простор за заинтересираните клубови да го „украдат“ голгетерот. Една од опциите која се споменуваше беше преселба во Саудисна Арабија, но според реномираната „Марка“ нема ништо на оваа тема затоа што Карим има само една цел.

-Се зборуваше дека Бензема размислува за понудата од Саудиска Арабија. Сепак милионите евра не ја променија неговата желба да ја обнови соработката со Реал. Французинот не сака да го стори истото како и Кристијано Роналдо кој отиде во Саудиска Арабија.Во Реал постои непишано правило според кое играчите кои освоиле Златна топка добиваат нов договор. Бензема сè уште официјално не ја продолжил соработката со Реал, но и двете страни сакаат тоа да се случи во наредниот период, -заклучува „Марка“.

Бензема од 2009 година е во Реал и досега има освоено 24 трофеи со овој клуб.