сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Како ли му е на фотографот кој ја сликал Дара Бубамара – силиконите на пејачката поголеми од главата, за да ја посети оваа плажа искеширала 25 илјади евра (ФОТО)

Како ли му е на фотографот кој ја сликал Дара Бубамара – силиконите на пејачката поголеми од главата, за да ја посети оваа плажа искеширала 25 илјади евра (ФОТО)

Српската пејачка Дара Бубамара ги спакува куферите и замина далеку од Балканот.

Имено таа заедно со своите соработници заминала за Бразил каде ги почестила со одмор вреден 25 илјади евра.

-Дара од секогаш била џентлмен кон луѓето со кои соработува. Кога има таа имаат и сите околу неа. Сега се одлучи да ги однесе на патување во Рио, иако тие мислеле дека пејачката ги носи таму за да снима спот, таа им рекла дека не и паѓа на памет таму да работи, туку да иде да се одмори таму, вели извор близок до неа.

Тој додава дека таа го избрала најскапиот хотел за таму.

-Само за сместување дала 19.000 евра, во хотелот има базен, теретана, сауна, терен за голф, кошарка, тенис… за појадок, ручек и вечера се служат врвни специјалитети од месо, риба и морски плодови. Освен тоа за авионските карти таа искеширала 6.000 евра, бидејќи купила бизнис карти за летот кој трае 12 часа, вели изворот.

Инаку во една прилика и самата пејачка кажала дека се што заработува и троши и дека не и е проблем да плати било што на другите, бидејќи сака да дели со луѓето околу неа.

Најнови вести