понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

167 санкционирани возачи во Скопје, 32 за брзо возење

167 санкционирани возачи во Скопје, 32 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.