среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По ремито на Барселона Каталонците удрија по Левандовски!

По ремито на Барселона Каталонците удрија по Левандовски!

Барселона во понеделник во 28-то коло од Ла Лига одигра само 0:0 против Жирона, сепак и така ја зголеми предноста во однос на Реал кој викендов изгуби од Виљареал 3:2.

Избраниците на Чави напаѓаа, но не успеаа да го скршат бункерот на Жирона. Каталонските медиуми по натпреварот го критикуваа Роберт Левандовски кој по ситната повреда која ја имаше во последните седум натпревари постигна само два гола и тоа двата во победата против Елче од 4:0.

Полскиот напаѓач и понатаму е водечки стрелец во првенството со 17 голови (три повеќе од Бензема), но стана главна мета на критики.

„Левандовски воопшто не учествуваше во натпреварот и во секој настап е се помалку вклучен во играта на Барселона. Неговиот пад продолжува“, пишува каталонскиот „Спорт“.

Беше одличен Левандовски во првиот дел од сезоната, но по повредата никако не успева да влезе во форма. Сезонава за Барселона одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, постигна 27 голови и подели седум асистенции.