петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Патиките на Џордан од НБА финалето во 1998 продадени за 2.2 милиони долари

Патиките на Џордан од НБА финалето во 1998 продадени за 2.2 милиони долари

Патиките „Најк“ кои Мајкл Џордан ги носеше на финалето на НБА лигата во 1998 година се продадениза фантастсични 2.2 милиони долари на аукција на „Сотби“ во Њујорк.

Џордан со препознатливите црно-бели „Ер Џордан 13“ ги предводеше Чикаго булс до победа во вториот меч во финалето против Јута џез, постигнувајќи 37 поени, 3 асистенции и 5 скока.

Патиките од првиот меч од финалето неодамна беа продадени за 10.1 милиони долари рушејќи го рекордот за носена спортска опрема.